ВМРО-ДПМНЕ, во согласност со своите идеолошки, програмски и стратешки уверувања и делувања, во целост ги поддржува ставовите на партиите од Европската Народна Партија (EPP) во врска со најновата ескалација на конфликтот помеѓу Украина и Руската Федерација.
Уште еднаш го повторуваме ставот дека, за ВМРО-ДПМНЕ, почитувањето на нормите на меѓународното право чиј носечки дел се територијалниот суверенитет, интегритет и независност на Украина се фундаментално важни.
ВМРО-ДПМНЕ, како во минатото, така и сега, но и во иднина, во целост ги поддржува ставовите на НАТО во однос на предизвиците со кои се соочува светот денес.
ВМРО-ДПМНЕ ѝ порачува на Владата, наместо на криминал и корупција, конечно да почне да размислува за преземање на активности кои, во согласност со новонастанатата ситуација, ќе спречи натамошен раст на цената на енергенсите, односно натамошен раст на инфлацијата и вкупно урнисување на уништената од криминал и корупција македонска економија.