четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ денеска продолжува со Дебати за Македонија во Струга

ВМРО-ДПМНЕ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ денеска продолжува со Дебати за Македонија во Струга

ВМРО-ДПМНЕ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ денеска продолжува со Дебати за Македонија во општина Струга.

Дебатата насловена „Борба со криминал и корупција, темелна европска вредност“ ќе се одржи во 13:30 часот во општина Струга (локација: Парк на поезијата).

Учесници на Дебати за Македонија ќе бидат:

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник
Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник
Анастасија Илиеска, член на Комисија за финансии на ВМРО-ДПМНЕ
Ален Деребан, претседател на ОК Струка и советник во општина Струга

Дебатата ќе ја модерира Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и Драгана Бојковска, член на ИК на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Дебата ќе се емитува на официјалниот youtube канал и facebook канал на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести