вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Водата од хидроакумулацијата ХЕЦ Глобочица се прелива без притоа да произведе ниту еден кWh електрична енергија

ВМРО-ДПМНЕ: Водата од хидроакумулацијата ХЕЦ Глобочица се прелива без притоа да произведе ниту еден кWh електрична енергија

Владата на Република Македонија донесе Одлука за прогласување на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на национално ниво поради недостиг на истата и состојбите на пазарите на електрична енергија, која стапи на сила од 01.09.2022 година во траење од 30 дена. Веќе без сомнение може да се констатира дека СДС и раководството на АД ЕЛЕМ/ ЕСМ се директни виновници за оваа кризна состојба во која се наоѓаме. Сето ова се потврдува, со нестручното, непрофесионалното и недомаќинското работење на раководството на АД ЕЛЕМ/ЕСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Замислете, во ваква енергетска кризна состојба АД ЕЛЕМ поради лошото планирање на производството и ненавремените ремонтни активности во ХЕЦ Глобочица овие денови се случува прелив, односно водата од хидроакумулацијата се прелива без притоа да произведе ниту еден кWh електрична енергија!

Во прилог е табелата на која јасно се гледа колку вкупно метри кубни во секунда се прелеани од хидроакумулација Глобочица без да биде произведена електрична енергија.

Ова е недозволиво да се случува во нормални услови, а не пак во енергетска кризна состојба!

ВМРО-ДПМНЕ бара итна оставка од раководството на АД ЕЛЕМ/ ЕСМ“ – порачуваат тие.

Најнови вести