Единствените кои ја кочат Македонија и ја загрозуваат иднината на граѓаните се Зоран Заев и криминалниот картел на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Тие зад превезот на штетниот договор со Грција вршат беспоштеден грабеж на државата. Само во случајот со криминалната поделба на Фондот за иновации и Крвавиот тендер на министерството за здравство се фатени на дело како крадат 45 милиони евра народни пари. За овој криминал и за стотиците други случаи на скандалозни, матни и криминални зделки на оваа власт многу скоро ќе има и одговорност, стои во реакцијата на партијата и се додава:
„Доколку мислат дека го имаат судството и обвинителството во свои раце, па ќе ги ослободува, како во случајот со градоначалникот на Ново Село, Боро „Марлборо“ Стојчев, многу се лажат. Оваа ненародна власт ќе падне, народот и Македонија ќе победат, а судството ќе се ослободи од канџите на Заев и СДСМ и за секој криминал оваа власт ќе плати и ќе одговара“.