Денес и утре продолжуваме со акцијата „Твојата идеја за промени, биди дел од промените што носат иднина”, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ испратено до медиумите.
-Од 11 до 15 часот општините ќе бидат отворени за граѓаните да ги достават своите предлог идеи и проекти кои што ќе бидат дел од општинските буџети за 2023 година. Оние граѓани кои нема да можат да ги посетат општините, својата идеја може да ја испратат на budzet.mk и истите ќе бидат разгледани од стручен и професионален тим, а секој проект кој е реален ќе биде реализиран. За само два дена минатиот викенд се собраа 845 проекти, и со тоа покажуваме дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ иновираат и ги слушаат потребите и приоритети на граѓаните. Преку вклучување на граѓаните во работата на општините воведуваме нов начин на работење и делување. Со креирање на општински буџети, граѓаните директно ќе можат да контролираат каде се трошат нивните пари. Заедно градиме модерни и европски општини и создаваме иднина за сите граѓани. 2023та година ќе биде година на инфраструктурен бум, преку изградба на училишни и културни сали, училишта, градинки, улици, водоводни и канализациони системи, паркови и обнова на веќе постоечки инфраструктурни објекти, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Биди дел од промените што носат иднина! Порачуваат од опозициската партија.