понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Ангеловска стокмија популистички буџет, насочен на непродуктивни трошења и предизборна корупција

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Ангеловска стокмија популистички буџет, насочен на непродуктивни трошења и предизборна корупција

Економијата тоне, а Заев и Ангеловска наместо развоен буџет, вчера стокмија популистички буџет, кој е насочен на непродуктивни трошења и предизборна корупција, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

-Само според Заев и Ангеловска блескаме. Реалноста е сосема поинаква. Бројот на СДИ, никогаш не бил понизок. СДИ бележат огромен пад, имено во период јануари – јуни оваа во однос на ланската година имаме пад од 84.2% и тоа кога во земјите од регионот имаме рекордни инвестициски циклуси. Катастрофална е ситуацијата и во економијата. Бројот на работници во индустријата во јули оваа година во однос на јули лани е паднат за 2.5%, односно на секој 100.000 работници, сега имаме 2.500 помалку, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата обвинуваат и дека лоша е ситуацијата и во градежништвото.

-Како и во нивото на реализација на капитални инвестиции, чија бројка за првите 7 месеци е очајни 24.5%. Зоран Заев и Нина Ангеловска не нудат мерки за решавање на овие проблеми, туку ги продлабочуваат. Затоа и се потребни итни предвремени парламентарни избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести