Заради неспособноста на владата цената на парното се зголеми и половина Скопје е без редовно греење, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Кога сите земји во светот и регионот преговараа за снабдување со гас на нивните држави и економии, владата на Заев и пиунот Ковачевски во која тој раководеше во министерството за финансии не презема ништо. Владата на Заев и пиунот Ковачевски не остави и без струја, затоа што наместо во РЕК да се копа јаглен на време, се распишуваа тендери за да вртат нечии камиони и да се полнат нечии џебови. И затоа сега имаме и поскапа струја. Заев и пиунот Ковачевски ги доведоа граѓаните во крајна неизвесност и со угаснати радијатори во сред зима, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Пиунот Ковачевски нема легитимитет за формирање на влада, бидејќи тој е дел од причината за сите катастрофи кои и се случија до сега на Македонија. Единствен начин за излез од кризата се предвремени парламентарни избори час поскоро, додаваат од таму.