сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Затворањето на Кам маркетите удар за граѓаните кои пазарат поевтино, дали зад ваквиот чекор стои политичка нарачка и елиминација на конкуренцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Затворањето на Кам маркетите удар за граѓаните кои пазарат поевтино, дали зад ваквиот чекор стои политичка нарачка и елиминација на конкуренцијата

Под чудни околности се затвора еден од најголемите ланец на маркети каде граѓаните пазарат поевтино, реагираат преку денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ претходно предупреди дека работата на УЈП е погрешно насочена и политички мотивирана.

Доведени се во прашање стотици работни места, додека олигарсите од власта продолжуваат да печалат на грбот на народот.

Власта на СДС и ДУИ е должна да одговори дали зад ваквиот чекор стои политичка нарачка и елиминација на конкуренцијата на структури блиски до власта?

Дали власта е свесна дека затворањето на Кам маркетите е удар за граѓаните кои пазарат поевтино?

Дали е точно дека се работи за нарачка директно од зградата на Илинденска за спас на коалицијата на власт, и заштита на еден од финансиерите на кампањата на политичка партија од власта?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести