На социјалните мрежи се појавува дезинформација за достава на поштенски пратки и износ кој корисникот треба да го плати за да ја подигне својта пратка, информираат од АД „Пошта на Северна Македонија“ .
Оттаму објаснуваат дека Пошта не стои зад овие објави, а секое неовластено претставување во нејзино име е класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност.
-Сите вакви случаи кои стигнуваат до нас, веднаш се документираат и се пријавуваат до МВР на понатамошно постапување.Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки го вршат нашите пошторазнесувачи.Ви благодариме што го пријавувате секој неовластен обид за злоупотреба на Пошта, велат од оттаму.