понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Битола до 17 часот излезноста е 50,42 проценти, а во Демир Хисар 67,54 проценти

Во Битола до 17 часот излезноста е 50,42 проценти, а во Демир Хисар 67,54 проценти

Во пелагониските општини Битола и Демир Хисар продолжува демократскиот изборен процес за градоначалник во рамки на вториот круг од Локалните избори.

На територијата на Општина Битола право на глас имаат 80.882 лица, а на 170 избирачки места до 17 часот гласале 50,42 отсто од жителите евидентирани во Единствениот избирачки список, соопшти Игор Талевски, претседател на ОИК-Битола.

На територијата на Општина Демир Хисар се гласа на 36 избирачки места.

– Право на глас имаат 6.959 лица евидентирани во Единствениот избирачки список, а до 17 часот гласале 67,54 проценти од граѓаните со право на глас, изјави Благојче Брсаковски, претседател на ОИК-Демир Хисар.

Најнови вести