вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во државен карантин 170 лица, 651 лице во изолација

Во државен карантин 170 лица, 651 лице во изолација

Полициските службеници се во првите редови во справување со пандемијата од Covid19 и тие во континуитет преземаат мерки за контрола на почитување на одлуките на владата.

Во таа насока, од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 20327 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 618 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 187 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

На територијата на целата држава на вкупно 651 лица им се издадени решенија за изолација, а 346 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што евидентирани се 3 лицa кои не ги почитувале овие мерки.

Во државен карантин се спроведени вкупно 170 лица.

Во оваа прилика уште еднаш апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала, напиша министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на Фејбук.

Најнови вести