Полициските службеници се во првите редови во справување со пандемијата од Covid19 и тие во континуитет преземаат мерки за контрола на почитување на одлуките на владата.
Во таа насока, од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 27741 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 415 прекршоци во изминатото деноноќие, објави на својата Фејсбук страница министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 90 контроли во објекти при што е евидентиран 1 објект кој не ги почитувал одлуките на владата.
На територијата на целата држава на вкупно 250 лице им се издадени решенија за изолација, а 3 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки.
Во оваа прилика уште еднаш апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала.