среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Киргистан слетал турски бизнисмен со лет од Скопје, а не семејството на поранешниот казакстански претседател

Во Киргистан слетал турски бизнисмен со лет од Скопје, а не семејството на поранешниот казакстански претседател

Пристигнал во Скопје со авион од Истанбул а турскиот бизнисмен си заминал на 6 јануари со слободен лет за Киргистан. Авионот со тројца патници ги имал сите потребни документи и го најавил уредно пристигнувањето во земјата. Директорот на агенцијата за цивилно воздухопловство Томислав Тунтев за Телма објасни дека пишувањата на неколку локални медиуми во Казакстан дека авион кој стасал од Македонија во Киргистан бил вклучен во бегство на членови на семејството на првиот претседател Нурсултан Назарбаев од земјата се шпекулација. Тој појасни дека станува збор за најавен и одобрен бизнис лет со авион од типот „бомбардиер глобал експрес“ од турски оператор што ги исполнува сите услови и барања.

Веста за бегството на Назарабев и семејството се прошири откако руската агенција Новости вчера пренесе вест на локалните медиуми во Казахстан дека два приватни авиона, наводно на семејеството Назарбаев, слетале на аеродромот „Манас“, во главниот град на Киргистан, Бишкек, од кои едниот бил од Северна Македонија, што пак го демантираа и полициските структури во земјава.

„НЕ Е ТОЧНО И ДЕЗИНФОРМАЦИЈА Е ДЕКА ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КАЗАХСТАН, НУРСУЛТАН НАЗАРБАЕВ ИЗБЕГАЛ СО АВИОН ШТО ВО БИШКЕК, КИРГИСТАН СЛЕТАЛ ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ВЕЛАТ ОД МВР.

Официјалните информации се дека Назарабев откако го напуштил раководењето со советот за безбедност на Казакстан по избивањето на масовнитеп ротести сеуште е во земјата и повикува на поддршка меѓу граѓаните за неговиот наследник на фунцкијата. Оваа вест ја пренесува руската информативна агенција, но веста за неговото бегство со два авиони преку Киргистан ја нема повеќе на официјалната интернет страница на НОВОСТИ.

Најнови вести