среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во организација на ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата Јарл Хјалмарсон од Шведска се одржува семинар „Целите на локалните лидери и употребата на социјалните медиуми“

Во организација на ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата Јарл Хјалмарсон од Шведска се одржува семинар „Целите на локалните лидери и употребата на социјалните медиуми“

Во текот на викендот се одржува првиот модул од семинарот насловен како „Целите на локалните лидери и употребата на социјалните медиуми” организирана од ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата Јарл Хјалмарсон од Шведска.

Пред присутните градоначалници, на отворањето се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Мисајловски ја истакна досегашната успешност на градоначалниците во водењето на општините, како и очигледната разлика од владеењето на СДСМ. Тој посочи дека и покрај тешката состојба која ја начекале градоначалниците, големите долгови кои ги оставиле нивните претходници, но и опструкциите кои ги прави централната власт, биле завршени и отпочнати значајни проекти.

Мисајловски потсети дека основа на управувањето на ВМРО-ДПМНЕ е секогаш многу работа, посветеност на решавање на проблемите на граѓаните, и присутност на теренот помеѓу граѓаните. Само на тој начин, ќе се исполнат сите ветувања кои се дадени пред граѓаните.

Со чесна и одговона работа, треба да се покаже дека не сите политичари се исти, потенцираше Мисајловски.

Во текот на денот учесниците ќе зборуваат и за употребата на нови алатки во комуникацијата со граѓаните, а свое обраќање ќе имаат и членот на ИК и портпарол Марија Митева, портпаролите Наум Стоилковски и Димче Арсовски. Во делот на подобро решавање на урбанистичките проблеми, јавните приватни партнерства и финансирањето на општините за кои ќе се обрати Зоран Крстаноски.

Во текот на утрешниот ден, градоначалниците ќе дискутираат и на теми од проектниот менаџмент, образованието и генералното функционирање на општините.

Најнови вести