Во атарот на село Костурино попладнево околу 15:20 часот избувна пожар во кој е зафатена сува трева и нискостеблеста шума, информираат од Територијалната противпожарна единица на Струмица.
-Опожарена е површина од околу два хектара, а во гаснењето на пожарот учествува едно противпожарно теренско возило и тројца пожарникари, дополнуваат во информацијата од ТППЕ Струмица.
Според последните информации, пожарот е локализиран и се очекува наскоро да биде целосно изгаснат.