Дали овие кривични пријави, кои најверојатно ќе бидат поткрепени со силни докази до обивнителството од страна на обвинетиот Јовановски, за кој се води судски процес за “Meѓународен сојуз”, ќе му дадат друг тек на целиот случај, останува да видиме Во пресрет на најавите на премиерот Зоран Заев за прочистување на судството и отчетност на обвинителството, денеска извори од обвинителството информираат дека в четврток продолжува со поднесување кривични пријави во обвинителството Бојан Јовановски, кој е обвинет во случаите “Рекет” и “Меѓународен сојуз”,пишува Република.мк
Јавноста за овие случаи има впечаток дека се водени контролирано од страна на власта, имајќи предвид бројни поврзаности на лица од власта со обвинетите во овие два случаи. Крајниот епилог од овие два случаи треба да биде чистење на замешаноста во овој криминал на лица од врвот на власта и СДСМ, потпомогнато од обвинителката Русковска и судството.
Имено, токму и тоа е информацијата од Јавното обвинителство, првообвинетиот Бојан Јовановски заедно со својот адвокат во четврток на 24 декември околу 10 часот ќе се појават во просториите на обвинителството, каде што Јовановски ќе поднесе поголем број кривични пријави против јавни функционери и највисокиот врв од власта, каде што според наши претпоставки тука се вклучени премиер, поранешни пратеници, министри и други видни личности кои се во блиска корелација со СДСМ и Заев.
Јавноста за овие два случаи имаше доволно време и простор да го добие и креира својот впечаток за овој случај, а како што може да се спомене, се поголем број од граѓаните се убедени дека случајот се води за да се заштити вмешаноста и поврзаноста на највисокиот врв на власта и СДСМ во овие најголеми случаеви на рекетирање.
Дали овие кривични пријави, кои најверојатно ќе бидат поткрепени со силни докази до обивнителството од страна на обвинетиот Јовановски, за кој се води судски процес за “Meѓународен сојуз”, ќе му дадат друг тек на целиот случај, останува да видиме.
Она што е евидентно е дека јавноста, но и сите останати имаат изгубено доверба во правосудните органи, каде се поочигледно е дека замешаноста на врвот на власта во одлуките на судиите и обвинителите е очигледна.
Да потсетиме, на последното рочиште се читаа пораки од Зоран Заев каде што јасно се гледа дека влијаел во одлуки на обвинителството и судот да не бидат изречени притвори на вмешани во случајот “Меѓународен сојуз”.
Што ќе содржат овие нови кривични пријави кои ќе ги поднесе Јовановски со својот адвокат, останува да видиме.
Извор: Република.мк