понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Две лица добија кривични пријави, еве што најде полицијата во дом и возило

Две лица добија кривични пријави, еве што најде полицијата во дом и возило

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против З.А.(27) и Б.О.(21), двајцата од село Дедели, валандовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, додека првопријавениот сторил и кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 17.07.2023 на паркинг простор на магистралниот пат Валандово-Струмица, полициски службеници извршиле преглед кај првопријавениот и во возилото кое го управувал, при што пронашле и одзеле повеќе пакувања со околу два килограми марихуана, произведена во неговиот дом и со второпријавениот договориле нејзина продажба.

На 18.07.2023, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени воздушна пушка без документи, повеќе патрони од ловечка муниција калибар 12мм и неколку патрони боева муниција со калибар 8,57мм и 7,65мм.