сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Прилеп шест новозаразени лица

Во Прилеп шест новозаразени лица

Шест нови случаи на заразени лица од Ковид, денеска се евидентирани во Прилеп, што значи со вчера регистрираните пет лица, само за два дена има 11 новозаразени. До овој момент нема информации за новоизлекувани од заразната болест, информираат локалните власти.

На инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани 19 лица, од кои 13 се позитивни на коронавирус. Во делот за изолација се шест пациенти од кои тројца се негативни на коронавирусот, а на другите тројца земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 168 лица.

Инаку, во изминатото деноноќие се забележани четири нарушувања на полицискиот час.

Најнови вести