Со настап на ансамблот „Преспа” на плоштадот Гоце Делчев во Пустец, Мала Преспа, Албанија, синоќа свечено беше отворено 16.то издание на фестивалот „Македонско културно лето 2023″.
Фестивалот е поддржан од Општина Пустец и градоначалникот Пали Колефски, македонското Министерство за култура, Обединета македонска дијаспора, Кромберг и Шуберт и Општина Велес.
На првиот фестивалски ден, пред публиката беше изведена и театарска претстава „ЈЗУ Европа” во изведба на извонредните штипски актери.
Фестивалот кој е главен културен двигател и културен промотор во Општина Пустец во организација на Здружението СОНЦЕ и Едмонд Сотир, годинава ќе трае до 30.ти јули, а ќе бидат одиграни и претставата, „Лидија или се што знам за жените”, „Поетски слем Македонија” и концерт на „Трио џентлмен”.