Славко Ѓоргиев од Штип преку статус на Фејсбук пишува дека политиката вмешала прсти во избирањето на фото студио за сликање на полуматурантите оваа година во градот.
Имено тој преку статус пишува дека фото студио се одлучило бесплатно да ги фотографира учениците поради ковид состојбата, но тоа било одбиено и тендерот го добила друга фирма со пониска цена од 0 денари.
-Фирма од Штип, заради пандемијата, за да им олесни на родителите на полуматурантите, одлучиле да ги фотографираат учениците за цена од О,оо денари. ….повторувам….цена од О,оо денари за фотографирање, 8 фотографии и големо, заедничко табло…..Денес, од некои училишта добиле известување, дека на тендерот е избрана друга фирма, која, замислете, понудила ПОНИСКА ЦЕНА……Очекуваме да видиме која е таа пониска цена од О,оо денари, или, политиката вмешала прсти….., стои во неговиот пост на Фејсбук.