Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 235 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 22, 12 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, за управување под дејство на алкохол 7 санкции, 76 мерки за непрописно паркирани возила и 45 санкции за неносење заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.