Министерството за внатрешни работи информира дена на 18 и 19.11.2021 година (четврток и петок) во официјална посета на Македонија ќе престојува претседателот на Република Полска Анджеј Дуда.
-За таа цел МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје, за што апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај, информираат од МВР.