недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Собранието продолжи расправата по Дополнетиот предлог буџет за 2023

Во Собранието продолжи расправата по Дополнетиот предлог буџет за 2023

Пратениците денеска продолжија со расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2023 година, кој се најде пред нив откако Владата го усвои текстот по прифатените амандмани во собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Пратениците од опозицијата и денеска посочија дека буџетот е преобемен и инфлаторен и со него дополнително ќе се зголеми дефицитот и јавниот долг. За власта, буџетот е развоен, насочен кон макроекономско заздравување и е одговор на енергетската криза, со поддршка на граѓаните и стопанството.

Денеска е четврти ден како Собранието расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2023 година.

Расправата продолжува во 15:30 часот по редовната едночасовна пауза.

Растот во Предлог-буџетот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повеќе во однос на планот за 2022 година.

Најнови вести