Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Регионалниот проект за цврст отпад, по скратена постапка.
Комисијата за труд и социјална политика треба да ги разгледа Предлог на закон за изменување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2023 година и Предлог на одлука за согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2023 година.
Седница ќе одржи и Законодавно – правната комисија.