сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Собранието закажана 79. пленарна седница

Во Собранието закажана 79. пленарна седница

Во Собранието на Северна Македонија за денеска е закажана 79. пленарна седница на која на дневен ред се 40-тина точки.

Пратениците треба да расправаат за измените на Законот за детективска дејност, на Законот за гранична контрола и на Законот за оружје, како и за измените на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

На дневен ред на седницата се и измените на Законот за акцизи и на Законот за данокот на додадена вредност, двата по итна постапка. Во скратена постапка поднесени се предлог измените на Законот за судска служба, Законот за јавнообвинителска служба и на Законот за извршување на санкциите.

Меѓу точките на дневен ред се и измените на Законот за служба во Армијата, на Законот за здравствена заштита и на Законот за нотаријатот, како и Предлог – завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година.

На седницата се и Предлог кодексот за престанување на важење на Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието, Предлог измените на Законот за просветна инспекција, измените на Законот за семејство, како и повеќе годишни извештаи на институции.

Најнови вести