вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во тек е потрага по исчезнат жител од каменичкото село Дулица

Во тек е потрага по исчезнат жител од каменичкото село Дулица

Во Македонска Каменица во тек е потрага по исчезнат жител од селото Дулица. Потрагата се реализира откако претходно во СВР Штип од страна на Ј.А. од село Дулица било пријавено оддалечување на неговиот брат Т.А. од неговиот дом.

-На 25.04.2023 во 23:55 часот во СВР Штип, Ј.А. од село Дулица, Македонска Каменица, пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат Т.А. Се преземат мерки за пронаоѓање на лицето, се вели во соопштението од СВР Штип.

На социјалните мрежи граѓаните веќе организираат потрага по исчезнатиот жител на село Дулица, Македонска Каменица. Потрагата е започната во текот на утринските часови од страна на група на граѓани од Македонска Каменица, Делчево, Виница и Кочани кои го баараат исчезнатиот жител на село Дулица.

Активно учество во потрагата има од Ловни здруженија од Делчево и Македонска Каменица и Делчево, како и од страна на Доброволни противпожарни друштва од Македонска Каменица и регионот.

Најнови вести