Денеска (28.06.) во периодот од 08 до 14 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 70 возачи, од кои 41 на територија на Тетово, а 29 на територија на Гостивар. 63 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а 13 за дури над 70 километри на час над дозволената. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.