четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВО ЖИВО: Скопје и денеска блокирано, граѓаните гласно и јасно од пред Владата и МНР ќе му порачаат на Заев да си замине! (ВИДЕО)

ВО ЖИВО: Скопје и денеска блокирано, граѓаните гласно и јасно од пред Владата и МНР ќе му порачаат на Заев да си замине! (ВИДЕО)

ВМРО-ДПМНЕ денеска во 15 часот ќе ги блокира раскрсниците пред Владата и кај Министерството за надворешни работи.

Во 18 часот ќе се одржат протести и во 15 градови ширум државата.

КУРИР протестот во Скопје ќе го пренесува во живо, а видеото кое е во продолжение ќе започне да се емитува точно во 15 часот.

Инаку од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека време е граѓаните на Куманово, Македонска Каменица, Пробиштип, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Радовиш, Валандово, Дојран, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид да се обединат против злото наречено Зоран Заев и СДСМ.

-Продолжуваме заедно со народот во битка за одбрана на честа и достоинството на македоската држава и македонскиот народ. Нема да дозволиме понижување и распродажба на државните и национални интереси, и токму затоа сите заедно сплотени, во масовен број ќе испратиме порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да заминат час побрзо бидејќи на Македонија и донесоа само порази и неуспеси, велат од партијата.

Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ и ги повикува граѓаните да им се приклучат.

Видео од протестот објави и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Најнови вести