Свеченост по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција ќе започне во 11:30 часот во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, каде што во присуство на раководството на МВР, вработени и поканети гости од дипломатскиот кор ќе се обрати министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Ќе има показни вежби од единиците на МВР и доделување плакети за посебен придонес и заложба во работењето на Министерството за вработени во МВР и плакети за благодарност до претставниците на дипломатскиот кор.