Вчера медиумите беа преплавени со веста дека војниците конечно ќе добијат нови чизми, со што и водителката на „Само вистина“ при интервјуто со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и честита дека сега може да дојде слободно зимата, затоа што ги снабдила војниците со чизми.
Но при текот на интервјуто во еден момент министерката се демантираше и призна дека за жал и оваа зима, односно пола зима војниците ќе ја издржат со старите чизми.
„За жал и оваа зима, пола зима ќе ја издржиме со старите чизми, но важно е дека и после долго време, имаме набавка на нови чизми.“ изјави Шекеринска.