Државниот санитарен и здравствен инспекторат соопшти дека иницирал вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничката болница – Штип по добиените сознанија за пациент кој починал од сепса.
Роднини на починатиот пациент Ј.Д. (25) од Берово на социјалните мрежи информираа дека тој починал откако добил сепса по дренирање заб во штипската болница.
Смртта на пациeнтот ја потврдија и од штипската болница.
наку, на социјалните мрежи денеска масовно се споделува фотографијата од 25-годишниот беровец Јован Димовски, за кого се тврди дека починал од сепса предизвикана на забар во болницата во Штип.
„Само во нашата држава, само со нашето зрдавство, само со нашите ‘професионални’ доктори во штипската болница може да се случи ова: Со 20-годишен стаж да направиш интервенција на заб и да ставиш еден обичен дрен наопаку. Па да предизвикаш сепса и пациентот да го пратиш дома со што се предизвика на Ванчо животот да му згасне на само 25 години. Ова е срам за цела држава! Каде живееме ние, какво здравство имаме, дали веке еден ден некој ќе одговара за секојдневниот хорор во таа штипска болница. Колку животи згаснаа само поради невнимание. До кога нашиот народ ќе се лекува само со ‘како рекол Бог’? Дали во 21 век треба да се случи таков срам? Ангелу наш, ти почивај во мир. А тие нема да спијат мирно“, се вели во една од објавите посветени на прерано починатиот Јован.