сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВОНРЕДНО: Тетовци да останат во домовите, излегување по потреба задолжително со заштитна маска

ВОНРЕДНО: Тетовци да останат во домовите, излегување по потреба задолжително со заштитна маска

Центарот за управување со кризи објави вонредна информација поради големиот пожар кој избувна во фабриката на влезот во Тетово при што квалитетот на воздухот е значително влошен.

Од општина Тетово и СВР Тетово апелираат до граѓаните да не излегуваат без потреба од своите домови.

-Најпогодени се оние со белодробни васкулари и срцеви заболувања, кои денеска треба да останат дома и да ги следат известувањата за квалитетот на воздухот. Оние граѓани кои имаат потреба да бидат надвор, задолжително да носат заштитни маски по можност H95. Во домовите да се чуваат затворени прозорците и вратите, велат од ЦУК.

Оттаму информираат дека во 12 часот на лице место пристигна и екипи од Армијата со еден хамер и со 13 војници, а на терен исто така се и 80 војници од касарната Тетово со опрема и машини за гаснење на пожарот. На терен е и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

-На пожарот се интервенира и од воздух со хеликоптер на МВР, а од страна на TAV Maкедонија пуштена е цистерна со пена. Интервенираат и пожарникари од Тетово, Гостивар, Кичево и Скопје, како и екипи со ПП возила за хемиско гаснење од ТАВ Македонија и лица од ДЗС Тетово и ДЗС Гостивар, велат од ЦУК.

Мерната станица за квалитет на воздухот во Тетово е во функција, каде да дознаете колкава е загаденоста по денешниот пожар?

ВИДЕО: Хеликоптерот на МВР „Бел 212“ работи на гасење на пожарот во Тетово

Ангелов: Пред некој ден ваков пожар гледав во САД и беа поспори од нас (ВИДЕО)

Граѓани и пожарникари завршија во болница во Тетово: Двајца имаат изгореници, десетина вдишале чад

Ангелов: Се обидуваме да го локализираме пожарот од делот со експлозивни материи

Воздухот во Тетово загаден од пожарот, учениците два дена нема да имаат настава

Тетовската полиција со апел до граѓаните по пожарот во поранешната фабрика, ова се деталите

Три противпожарни возила и седум пожарникари од Скопје учествуваат во гаснење на пожарот во Тетово

СТРАОТНА ГЛЕТКА: Видеа од пожарот во Тетово

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ТЕТОВО: Гори поранешната фабрика „Македонија табак“

Најнови вести