Се изведуваат градежни активности на државен пат А1 (Е75) наплатна станица Градско, поради што од денеска до 16 април 2021 е воведен временска режим со цел да може да се рализираат работите.
– Во периодот од 6 април 2021 до 16 април 2021 ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А1 (Е75) наплатна станица Градско со цел да може да се реализираат работите поставување на патна опрема на наплатни станици за подобрување на безбедноста на сообраќајот. Времениот режим се спроведува согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај на автопатот А1 и А2, за време на поставување на патна опрема на наплатни станици за подобрување на безбедноста на сообраќајот, соопштија од АМСМ. (МИА)