Поради магла вечерва намалена видливост од 30 до 50 метри има на патот од село Шипковица до Попова Шапка, а на планинскиот превој Стража видливоста е намалена од 50 до 100 метри, информира Авто мото сојузот на Македонија.
На останатите патни правци сообраќајот се одвива по влажни коловози, а на повисоките места наместа има остатоци од кашест снег на коловозот. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен. (МИА)