Возачот на автомобилот марка „бентли“ кој со поголема брзина се движеше низ скопскиот плоштад, притоа загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните, е пронајдет и казнет.
Станува збор за извесен Б.А. од Арачиново, а потврда за ова стигна и од скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој на социјалните мрежи објави фотографија од записникот кој му е врачен на сторителот.
На истата може да се забележи дека Б.А. е казнет според членот 187, став 6 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.
Таа одредба гласи: Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на учесник во сообраќајот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (3) на овој член, пренесе МАКФАКС.
Целата вест прочитајте ја на МАКФАКС