Поранешната фабрика Киро Ќучук или сегашна ЕуроБрик, според информаци на порталот Велес365 веќе 6 месеци немаат земено плата.
Тие стапиле во комуникација со дел од вработените во оваа фабрика, каде што тие им се пожалиле за нивната состојба.
Според информациите од нив, тие 6 месеци одат на работа, без потпишан договор за работен однос, а за нивните работни ангажмани во фирмата како што велат тие, дел зимаат пари на рака. Без притоа да им бидат платени придонеси за здравствено и пензинско осигурување.
За сите овие нерегуларности дел од вработените пријавиле и кај надлежните органи, при што следела и вондредна инспекција од страна на трудовиот инспекторат, УЈП, како и од министерството за екологија, заради загадувањето од страна на фабриката.
Дел од вработените исто така на социјалните мрежи се огласија за нивната состојба.
Во прилог го објавуваме и едно од решенијата на министерството за труд и социјална политика, каде што се гледа дека се утврдува прекршување на работничките права, заради не исплата на плата за месец 10 и 11 2019 година, како и регрес за 2019 година.
За овој случај денес реагираше и политичката партија левица. Како што велат од таму, тие веќе пријавиле во државниот инспекторат за труд.
Ние, како политички субјект, ваквиот случај го пријавивме до Државниот Инспекторат за Труд, по што очекуваме надлежните институции во најбрз можен рок да ја испитаат целава ситуација и соодветно да постапат. Исто така, правниот тим на Левица стои на располагање на овие работници во рамки на своите можности и капацитети, се вели во соопштението од Левица.