среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВРМО-ДПМНЕ: Скандалозно одбележување на јубилејот – 30 години македонски филм во независна Македонија

ВРМО-ДПМНЕ: Скандалозно одбележување на јубилејот – 30 години македонски филм во независна Македонија

Манифестацијата „Филмска култура во независна Македонија“, која што е директно финансирана од Владата на Република Македонија, посветена на 30 години македонски филм во независна Македонија е само груба манипулација и уште една злоупотреба на буџетските средства од страна на главните перјаници на т.н. нов филмски бран, Томи Салковски, Ана Василевска и Игор Иванов-Изи, а сè тоа под закрила на продуцентската куќа ЦРНА МАЧКА, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека целокупното одбележување се сведе на празни флоскули и излитени изјави во медиумите дека со манифестацијата која е особено важна за граѓаните, ќе се евалуира создаденото, ќе се афирмира културолошката вредност на филмската дејност и ќе се добие поглед на развојниот синеастички пат на авторите кои се дел од оваа значајна тридецениска историја.

– Но, за жал наместо поглед од 30 години наназад низ кој можеше и требаше да се проследи развојот на филмската дејност во независна Македонија, Владата финансира крајно безлична манифестација која од ниеден аспект не прави пресек на филмската дејност во изминативе 30 години! Срамен и скандалозен е фактот дека селекцијата на филмови кои се дел од програмата, без исклучок, се филмски проекти само и единствено на една продуцентска куќа, а тоа е СКОПЈЕ ФИЛМ СТУДИО на генералниот секретар на ДФРМ, Томи Салковски. Новофилмските бранови Томи Салковски и Игор Иванов – Изи ги избришаа сите филмски професионалци, институции и здруженија. Тие покажаа огромно непочитување кон своите колеги и кон филмската дејност и бесрамно си направија сопствена/лична промоција под слоганот Филмска култура во независна Македонија, финансирана директно од Владата. Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ бара одговор од Владата, од Министерството за култура, од Директорот на Агенцијата за филм Бојан Лазаревски, од Директорот на Кинотека на Македонија Владимир Ангелов, од Директорот на Вардар филм Сани Саиди, од организаторот ЦРНА МАЧКА продукција, од Претседателот на ДФРМ, Игор Иванов Изи и од Генералниот секретар на ДФРМ Томи Салковски, на следниве прашања:

– Дали во изминативе 30 години единствена продуцентска куќа која создаваше на полето на филмската дејност е СКОПЈЕ ФИЛМ СТУДИО?

– Зошто селекцијата опфати само филмови создадени во последниве осум години? Кои се причините за таквата одлука?

– Кој релевантен филмски професионалец или институција ја одобри селекцијата на филмови за манифестацијата „Филмска култура во независна Македонија“?

– Дали најавената програма беше реализирана во целост?

– Зошто согласно најавата, на 25-ти август, во 12 часот, во Кинотеката не се одржа најавената Свечена академија на тема „Македонскиот игран филм во следната декада“?

– Колку средства беа одобрени од буџетот на Владата за оваа срамна и понижувачка манифестација?

– Каква беше посетеноста на филмските проекции?

– Дали филмот е „независен“ кога од буџетот на државата се одделуваат милионски суми за поддршка на независните продуцентски куќи за реализација на филмски проекти?

– Дали при реализацијата на манифестацијата во целост се почитуваа здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– На крај, укажуваме дека јубилеите се свечени моменти кога, пред сè, се празнува но и се анализираат резултатите од дотогашната работа, од реализацијата на вложениот труд и ефикасноста на искористена интелектуална енергија. Јубилеите се професионално-историски моменти на пресек, кога критички се погледнува наназад, за да се зачекори нанапред со поголем елан. Затоа во оваа прилика потсетуваме дека во изминативе 30 години се создадоа повеќе независни продуцентски куќи кои имаа огромно влијание во развојот и афирмацијата на македонската кинематографија во независна Македонија. Да не заборавиме, првите филмски остварувања во независна Македонија беа реализирани од Вардар филм. Тие продуцентски куќи реализираа стотици мнозински македонски филмови, беа дел од малцински македонски копродукции, учествуваа на фестивали, добиваа награди, велат тие.

Партијата појаснува дека триесетгодишниот јубилеј на македонскиот филм во независна Македонија го опфаќа периодот од 1991 година, од „Тетовирање“ на Столе Попов, па сè до денес.

– Во овој триесетгодишен временски интервал твореа големи режисерски имиња кои оставија траен белег во македонската кинематографија. Некој „новофилмски бран“ намерно и неправедно ги преќути, но не можат да не натераат да ги заборавиме. Тие не се толку моќни, додаваат.

Најнови вести