Пожарите во Малешевијата продолжуваат да беснеат и претставуваат еколошка катастрофа од невидени размери, а надлежните никако да се справат со истите.
Имено, опожарена е површина од дијаметар од 25-30 километри, односно од село Вирче до село Будинарци и од Брегалница до Влаина планина кај Делчево и Пехчево на бугарска граница, или со други зборови станува збор за опожарена површина колку град Скопје.
Ваквата еколошка катастрофа која ја зафати Македонија, а особено источниот дел на земјата и Малешевијата многу јасно ја отсликува неспособмоста на Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев.
Инаку, додека во цела Македонија беснеат пожари, премиерот Зоран Заев и дел од министрите се на одмор.
Откако во медиумите и на социјалните мрежи почнаа да се објавуваат фотографии од владините функционери кои одмораат на плажи смеејќи се во друштво, од Владата излегоа со соопштение дека во периодот од 3 до 12 август дел од членовите на Владата ќе искористат денови од годишен одмор.
-Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки. Согласно меѓусебна координација, дел од министрите нема да користат денови од годишен одмор во овој период, а со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите секогаш и секаде каде што тоа е потребно, информираат од Владата.