сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„За 100-тина дена се исчистија над 150 диви депонии и се поставија квалитетни кадри во јавните претпријатија“

„За 100-тина дена се исчистија над 150 диви депонии и се поставија квалитетни кадри во јавните претпријатија“

Голем дел од ветувањата што беа дадени во предизборната кампања веќе се остварени или се во фаза на реализација. Јас би ги истакнал како најважни за животната средина впрочем што е исклучително важно, посебно за мене. Тука е чистењето на дивите депонии, детектирани и исчистени над 150 диви депонии, се пристапува кон неселективни и зачестени инспекциски контроли и надзори за да повторно не се дозволи да истите тие депонии повторно да бидат наполнети. Дополнително се заградуваат голем дел од парцелите каде што претходно имало диви депонии и каде што се нелегално се палело шут и отпад и ја загадувале животната средина. Тоа е една од најважните работи за мене лично што е остварено. Меѓутоа има и многу повќе“, истакна Филип Јаневски, советник во Советот на Град Скопје, на денешната трибина насловена „Затекнато – реализирано во Град Скопје, во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Јаневски додаде дека дел од тие ветувања кои што се веќе остварени е и ветувањето за Луна паркот, значи веќе се влегува во фазна реализација на тој проект, на неполни четири месеци од преземањето на градската власт.

– Од друг аспект исто така би сакал и да напоменам дека исклучително квалитетни кадри и професионалци се поставени во јавните претпријатија. И тоа кои што исклучително добро ги водат јавните претпријатија, што не беше случај во минатото. Се елиминирани голем број неправилности, се пристапува кон изработка на квалитетни програми за работа не само во 2022 година туку и на долгорочен рок. Како еден од најпозитивните примери би ги одвоил ЈП „Лајка“, директорот кој што е исклучително професионалец, и посветен на тој проблем, започнува системски да го решава проблемот со кучињата скитници, и не само да биде решен тој проблем туку и да биде решен од хуман аспект, појасни Јаневски.

Јаневски потсети дека градската власт предводена од Петре Шилегов од својата програма има остварено само 4-5%.

Додека пак советникот во кабинетот на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, Мартин Стојановски на денешната трибина истакна дека за разлика од времето кога Градот беше воден од СДСМ, сега транспарентноста и достапноста за граѓаните е на многу повисоко ниво, а тоа најдобро може да се забележи преку функционалноста на проектот „24 отворен Град“ каде граѓаните имаат можност директно да ги пријават своите проблеми.

– Многу ми е драго што сум тука и што имам можност пред се да им објаснам на граѓаните кое е значењето на проектот „24 отворен Град за граѓаните“. Веднаш по доаѓањето на градоначалничката Арсовска и нејзиниот тим во Градот Скопје се започна со реализација за остварување на еден од поголемите проекти кои се во корист на граѓаните и стриктно само за граѓаните кое беше и едно од најголемите ветувања на градоначалничката Арсовска во предизборниот период а тоа е проектот „24 отворен Град“. Проектот „24 отворен Град“ Се изгради една структура, еден систем во Градот Скопје кој претходно не се ни помислило да биде на таков начин функционален, а тоа е дека тимот на градоначалничката Арсовска предводен од неа дадоа насока да се реализира овој проект каде што граѓаните на мејлот [email protected] имаат можност да ги пријават сите проблеми, па дури и онлајн проблемите. Ние внатрешно имаме изградено систем во кој ние прво вработените имаме можност да видиме кој меил од кој граѓанин е пристигнат, во колку часот е пристигнат и да видиме дали е реализиран или не е реализиран, зошто не е реализиран и кога е реализиран, истакна Стојановски.

Тој додаде и дека во минатото немало таков систем во кој тимот на градоначалничката има комуникација на толку високо ниво со службите на Град Скопје, а со тоа и подобра координација за решавање на проблемите на граѓаните.

– Тоа во не било пракса во минатото да тимот на градоначалничката има комуникација на толкаво високо ниво со службите на Градот Скопје. Сега секоја служба си има засебен меил каде што може да биде во комуникација со луѓето кои го водат проектот „24“ и структурата која го води проектот „24“ има можност да го испрати барањето од граѓанинот до секој сектор, но и она што е добро во овој проект е тоа што се вклучени и претпријатијата, затоа што секој проект на граѓаните зависи од претпријатијата, потенцираше Стојановски.

Најнови вести