Во текот на вчерашниот ден (01.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 189 возачи.
Од нив 23 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дурио над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 49 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 140 надвор од населено место.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.