сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

За брзо возење полицијата казни 263 возачи

За брзо возење полицијата казни 263 возачи

Во текот на вчерашниот ден (15.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 263 возачи.

Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 142 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 121 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести