четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

За наставниците пари НЕМА, ама за нови автомобили, златен прбор за јадење и луксузирање ИМА

За наставниците пари НЕМА, ама за нови автомобили, златен прбор за јадење и луксузирање ИМА

Во светот наставниот кадар е светост, само во Македонија маргинализиран.

Една стара изрека вели, „Ако сакаш да уништиш една нација уништи им го образованието“, па така оваа изрека македонските власти по се изгледа сериозно ја сфатиле.

Вчера владата излезе со понуда за покачување на платите на наставниците за 10 проценти или околу 2500 денари по човек, апропо барањето на СОНК од 18,4 проценти.

Откако оваа понуда беше експресно одбиена, веднаш почнаа да работат владините ПР-служби, па следеа серија напади и обвинувања.

Владата во текот вчерашниот ден испрати серија напади кон просветните работници поради одбивањето на понудата од 10 проценти, а сумата од 2500 денари ја претставија како покачувањето да е 25.000 денари, да не беше трагично ќе беше смешно.

Како да не беше доволна само владата, денеска и од СДСМ излегоа со напад кон СОНК, портали и аналитичари блиски до СДСМ, и сето ова наликува на оркестрирана работа…

Истите тие кој во моментов ги напаѓаат наставниците кои само си ги бараат правата  имаат дете кое треба да посетува настава кај тој ист наставник/професор кој е безмислосно нападнат, но ситуацијата до некаде е и очигледна.

Доколку се исполнат барањата на СОНК, и платите бидат покачени за 18 проценти, нема да има пари за нови автомобили, бидејќи знаете, имаме министри и директори кои сметаат дека возило старо две години не е соодветно за нив, па истото мора да биде променето за ново. За само три години беа потрошени 8,1 милион евра за нови автомобили, беше купен прибор за јадење вреден 40.000 евра, кабинетите на функционерите се опремени од најлуксузните салони, секојдневните ручеци, патувања, луксузирање…

За споредба, минатата година Македонија беше зафатена од големи пожари. Големи површини од нашата држава беа зафатени од пламени јазли, а иако ги имаме, Ер-тракторите не беа во функција поради немањето на финансиски средства за нивно сервисирање кое чинеше 406.504 евра, а исто така минатата година, македонската влада набави возила во вредност од 3.609.000 евра.

Но дали е ова сè… НЕ е!!!

Според анализата која ја направивме, до почетокот на кризата во периодот 2018-2020 година биле набавени 392 возила за 8,1 милион евра.

Но, овие податоци компаративно може да посведочат и за тоа како се вреднуваат „приоритетите“ при набавките. Додека за набавка на возила од март 2020 досега се потрошиле 3 милиони и 609 илјади евра, Македонија ги дочека ланските пожари без сервисирани три „ер-трактори“ што за споредба чини 25 милиони денари (406.504 евра). Од друга страна, од пожарите е предизвикана штета од околу 31 милиони евра, при што само за пошумување на уништените површини ќе требаат барем две години, а за да зазеленат опустошените простори најмалку 20, односно 50 години за шумите да се вратат во состојбата како пред пожарите. Кога приоритетите не се во фокусот на набавките, штетата станува многукратна.

„Само за мебел минатата година за неколку месеци Владата потрошила околу 300.000 евра. Носат мерки против набавка на мебел, а всушност веќе набавиле“, изјави тогаш  портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваа дека иако од МВР изминатиов период знаеле дека ќе има економска криза, набавиле мебел во вредност од 250.000 евра (15.400.000 денари), Секретаријатот за европски прашања набавил мебел и услуги за перење автомобили во вредност од 700.000 денари, МНР потрошило над 20.000 евра (1.370.000 денари) само за мебел, а Министерството за земјоделство – услуги за перење на автомобили во висина од 470.000 денари.

Па така доколку ја земеме штетата од минатата година за време на пожарите, таа е сума која владата ќе мора да ја одвои годишно за покачувањето на наставниците.

Сервисирање на ер-тракторите чини 406.504 евра, материјалната штета е 31.000.000 евра, возила се набавуваат на речиси секој две години, а платите на наставниците на секој десет.

ПС: Пари за наставниците мора да најдете, а за автомобили, златни прибори и луксузирање сами заработете си па трошете!

 

Ристе Здравков

Најнови вести