сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

За неносење заштитни маски викендот во Тетово казнети 75 лица

За неносење заштитни маски викендот во Тетово казнети 75 лица

Во текот на викендот тетовчани добија казни за не носење на задолжителни маски за заштита со цел спречување на ширење на коронавирусот.

-Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за не носење заштитни маски на 75 лица по што им се издадени прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба, инфомираат од СВР Тетово.

Нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на 144 луѓе, додека вкупно биле контролирани 530 лица со вакви решенија во изминатото деноноќие, исто така, изјави за самоизолација потпишале вкупно 19 лица , а контролирани биле 120 лица со потпишани изјави за самоизолација.

-Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните од тетовско-гостиварското подрачје целосно да ја почитуваат владината Уредба за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест предизвикана од „ковид-19“. Според оваа Уредба, секое домашно или странско физичко лице должно е да носи лична заштита при излегување надвор од својот дом, при движење на јавни места и површини од отворен или затворен тип, на пазари, во јавен превоз, при влез во затворени простории (продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично, потсетуваат од СВР Тетово.

Најнови вести