четврток, 29. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

За непочитување на полицискиот час обвинети 30 лица во Скопје

За непочитување на полицискиот час обвинети 30 лица во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 30 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на населението, па за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за тоа, информираат од Обвинителството.

Јавното обвинителство за сите обвинети предложи да бидат одредени парични казни во висина од по 100 дневни глоби, при што една дневна глоба да биде во износ од 20 евра во денарска противвредност.

Најнови вести