петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

За непрописно престигнување 162 санкции

За непрописно престигнување 162 санкции

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 14.00 до 20.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Македонија, при што санкционирани се 162 возачи.

Од нив, 61 на територијата на СВР Тетово, 27 на територија на СВР Охрид, 21 возач непрописно престигнувал на територијата на СВР Куманово…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

Најнови вести