Случаите на СЈО, во кои најчесто осомничени се поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, по се изгледа се најврвен приоритет на македонските судови, судии и обвинители.
Под палка на власта, рочиштата за овие предмети се премногу чести, траат премногу долго и се проследени со низа скандали.
Само за случајот „Титаник“, до крајот на годинава се закажани 20 рочишта, што би значело по 8 месечно, односно по две во една недела.
Осомничените во „Титаник“ се теретат за дела поврзани со изборите.
Од друга страна, случаите во кои треба да им се суди на најголеми злосторници, убијци и терористи, изгледа за македонското судство не се толку важни.
Така, за најгрозоморното убиство на 5 лица кај Смилковското езеро, се закажуваат по едно, максимум две рочишта во месецот.
Се отвораат низа прашања, а гневот кај граѓаните е оправдан. Кому му се поважни политичките пресметки од човечките жртви?