вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЗАЕДНО ИГРАЛЕ НА АПАРАТИ, ПА ГО УБИЛ – детали за хоророт утрово на „Млечен“

ЗАЕДНО ИГРАЛЕ НА АПАРАТИ, ПА ГО УБИЛ – детали за хоророт утрово на „Млечен“

Утрово во 8.05 часот пријавено е пукање во казино на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Од МВР велат дека утрово било пријавено пукање во близина на Млечен ресторан.

Во пукањето има една жртва. Во полиција е пријавено дека во казиното „Вин Вин“ едно лице пукало во Н.А. (46) од село Арачиново со кого претходно играле на апаратите, по што Н.А. им подлегнал на повредите.

Од Министерството за внатрешни работи најавени се детали за пукањето од кое граѓаните од утрово се вознемирени.

Полициски екипи се веќе на терен и се работи на откривање на детали што точно се случило.

Најнови вести