Заев 4-ти ден се крие од јавност за ужасот во Тетово, дали е во државата или можеби пак е заминат на одмор? Четири дена Заев нема ниту една изјава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Кога цела Македонија гореше во пожарите Заев и Филипче заминаа на одмор, сега кога 14 луѓе изгореа живи Заев пак го нема, се крие. Заев треба да излезе и да ги прифати оставките на Хасани и Филипче, доколку не го стори тоа или тие е поднесат оставки до собранието до вторник, тоа ќе го стори ВМРО-ДПМНЕ, стои во партиското соопштение и се додава:
„Само со оставки на првите во институциите ќе може са се спроведе независна и непристрасна истрага. А потоа да следува и кривична постапка за тие за кои ќе има индиции и докази дека се виновни. Време е за одговорност“.