петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев БЛЕСКА: „Убеден сум дека Гоце Делчев и револуционерите се горди што сме членка на НАТО“

Заев БЛЕСКА: „Убеден сум дека Гоце Делчев и револуционерите се горди што сме членка на НАТО“

Денес, на 4 февруари, на денот на раѓањето на Гоце Делчев, се сеќаваме и величаме еден од најмаркантните херои на македонската државност, напиша лидерот на СДСМ Зоран Заев на Фејсбук.

– Делчев со својата посветена борба и револуционерна активност ги отелотвори идеалите на слободата и социјалната правда, кои денес се длабоко вкоренети во нашата државнотворна традиција. Неговата визија денес станува мост кој нѐ поврзува со другите народи во заедничките напори за обединета Европа.

Верувале или не, но Заев на ФБ со свои зборови напиша: Убеден сум дека Делчев и револуционерите од тој период се горди на нашето денешно остварување кога ја направивме нашата земја членка на НАТО и кога сме на чекор до поканата за старт на преговори со Европската Унија.

Во име на разбирањето и соработката меѓу народите, Гоце Делчев нѐ поврзува и во чест на таа идеја денеска се поклонуваме на гробот на великанот во црквата Свети Спас, напиша Заев.

 

Најнови вести