среда, 27. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Заев фатен во лага среде суд: Прво изјави дека не ја гледал изјавата на Николоски, а потоа дека ја гледал и му причинила огромна болка

Заев фатен во лага среде суд: Прво изјави дека не ја гледал изјавата на Николоски, а потоа дека ја гледал и му причинила огромна болка

Денес се одржа рочиште на судењето во кое Зоран Заев го тужи Александар Николовски за клевета за изјавата дека е „капо ди тути капи“ на рекетот во Македонија, а на кое рочиште имаше еден уште една прилика во која Заев се демантираше самиот себеси.

Во воведното излагање Заев сакајќи да опише колку тешко му паднала изјавата на Николовски, сподели дека ја гледал на ТВ Алфа (иако изјавата беше дадена за сите медиуми, Заев како да имал потреба да спомне дека ја гледал на Алфа).

„Кога ја слушнав и видов оваа изјава на ТВ Алфа, телевизија со национална концесија, бев заедно со моите 2 деца, со моите двајца родители и сопругата,, грозотијата која што беше пласирана пред целата македонска јавност пред медиум со ваква концесија предизвика огромна болка, тешкотија и мачнотија за тоа колку злобата кај некој човек може да отиде во крајност…“, изјави Заев на денешното рочиште.

Тој додаде и дека оваа изјава на Николовски дека Заев е главата на рекетот предизвикала трауми и тешки моменти кај членови на неговото семејство.

„И денес потсетувајќи се на тој момент можам да кажам само дека не му посакувам на никој да доживее таков момент како што јас го доживеав кога ја видов и слушнав изјавата на Николовски“, додаде Заев на рочиштето.

Но и покрај овој детален опис на моментот кога премиерот на Македонија гледал вести екипно со сите членови на потесното семејство, неколку минути претходно на прашање на Николовски одговори поразлично.

Николовски постави прашање до Заев зошто ниту Владата на Република Македонија, ниту СДСМ не ја демантираа оваа изјава откако беше дадена, на што Заев одговори:

„Не верувам дека не е демантирана воопшто, но ве сега како и секогаш, ако сум ја слушал, ќе сум ја демантирал“.

Кога излажа Заев пред суд, под заклетва? Кога кажа дека ако ја слушнел ќе ја демантирал, а не ја демантирал – или кога кажа дека ја гледал со целото семејство?

Конечно, дали Заев го тужи и Бојан Јовановки за клевета за изјавата дека „парите од рекетот треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви“?

Најнови вести